Новата година пристигна прво овде: Погледнете како и каде најпрво пристигна Новата 2018 година (ВИДЕО)

Жителите на државите на Пацификот, Самоа и Кирибати први, во 11 часот по средноевропско време ја дочекаа новата 2018 година, а набрзо потоа и жителите на Нов Зеланд.

Новата година потоа е дочекана во Окленд на Нов Зеланд со огномет од кулата “Скај”, висока 200 метри.

Во 13 часот Новата година пристигна и во делови од Русија, а во 14 и во Австралија, каде главниот огномет е во Сиднеј.

Први јануари последни ќе го дочекаат во Американска Самоа и на островот Нијуе во јужниот дел на Пацификот, бидејќи кај нив 2018 година, по средноевропско време, ќе пристигне дури утре.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.