Ниту Роналдо, ниту Меси, ниту Нејмар: Фановите го избраа играчот кој доби милион гласови на претседателски избори (ВИДЕО)

„Египетскиот крал“, како што го нарекуваат милиони фанови, игра во животна форма. Освен што четврти пат е прогласен за играч на месецот во Премиер лигата, навивачите го сакаат и на насловната страна на популарната игра Фифа.

Ѕвездата на Ливерпул, 25 годишниот Мохамед Салах, е се поблиску до титулата играч на годината на Премиер лига, откако четврти месец по ред беше прогласен за играч на годината.

Египјанецот на Енфилд игра во живот форма, а минатиот месец постигна дури шест голови. Четири му даде на Вотфорд во победата од 5:0, а постигна клучен погодок постигна и против Кристал Палас за победа во 2:1.

Ливерпул во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити обезбеди предност од три гола, па навивачите на црвените едвај го чекаат реваншот кој се игра денеска на Етихад.

Роналдо, Меси? Не, Салах!

Во септември оваа година излегува новото издание на популарната игра Фифа 19, а иако досега насловната страница ја красеа главно лицата на Роналдо и Меси, играчите овој пат сакаат ново лице.

На страницата ФИФАПлеј направена е анкета на која можеше да се гласа за лице од насловната страна, а покрај Меси, Роналдо и Нејмар, 75 проценти од фановите се одлучиле за Салах.

Од вкупно 220 илјади гласачи, Салах добил 163 илјади. Зад него со 9 проценти гласови е Лео Меси, трет е Роналдо со шест посто гласови. Изненадувачки на четвртото место е Томас Милер, а два проценти и петтото место е резервирано е за Нејмар.

 

Инаку, повеќе од милион гласачи на египетските претседателски избори ги прецртаа имињата на кандидатите и го впишаа името на фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.