ООУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ С. КАНАТЛАРЦИ ПРОДОЛЖУВА СО АКТИВНОСТИ, СО ЦЕЛ ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ЗАШТИТАТА ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ. СО ТАА ЦЕЛ, ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД, ВО РАМКИТЕ НА УЧИЛИШТЕТО, БЕА ОРГАНИЗИРАНИ НИЗА ПРЕДАВАЊА, АКТИВНОСТИ И ЕДУКАЦИИ. ВО СОРАБОТКА НА УЧИЛИШТЕТО ООУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ С. КАНАТЛАРЦИ СО ЗДРУЖЕНИЕТО „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“, ЗАЕДНО СО УЧЕНИЦИ И РОДИТЕЛИ ОД С. КАНАТЛАРЦИ И ОКОЛНИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА, ИЗВЕДЕНИ БЕА НЕКОЛКУ ПРЕДАВАЊА, ЕДУКАЦИИ, ОБУКИ И АКТИВНОСТИ.
ВО ОВИЕ АКТИВНОСТИ УЧЕВСТВО ЗЕДОА НАСТАВНИЦИТЕ ПО БИОЛОГИЈА И ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ОД УЧИЛИШТЕТО, МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА, РОДИТЕЛИ, УЧЕНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ ОД С. КАНАТЛАРЦИ. ПОКРАЈ ОСНОВНАТА ЦЕЛ НА ОВИЕ АКТИВНОСТИ, ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ЗАШТИТАТА ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ, УЧИЛИШТЕТО И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВА ДА РАБОТИ СЕКОЈДНЕВНО НА РАЗВИВАЊЕ НА МЕЃУСЕБНОТО ПОЧИТУВАЊЕ И СОЖИВОТОТ НА РАЗЛИЧНИТЕ ЕТНИКУМИ.
[Best_Wordpress_Gallery id=”518″ gal_title=”445566″]
НЕМА ТУКА ДА СЕ ЗАСТАНЕ, ВО ТЕКОТ НА ЛЕТНИОТ ПЕРИОД ЌЕ БИДАТ ОРГАНИЗИРАНИ УШТЕ НЕКОЛКУ АКТИВНОСТИ СО ИСТАТА ЦЕЛ, А ИСТО ТАКА ВО С. КАНАТЛАРЦИ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ПРЕДАВАЊА И ЧАСОВИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА ПОВОЗРАСНИТЕ ЖИТЕЛИ НА СЕЛОТО И ОКОЛНИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА.