Од утре се очекува промена на времето со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Веќе во четврток ќе биде облачно и доста посвежо со пад на дневната температура за околу 10-тина степени.
Во четврток ќе има слаб локален дожд, особено во западните делови и ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а дневната од 17 до 23 степени.
Според прогнозата на УХРМ, утре ќе дува засилен југозападен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд.
Од петок и за време на викендот ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури. Температурите ќе бидат во пораст.