Не чека голема промена со времето пред Нова Година

 

Во текот на денот во Македонија ќе биде променливо облачно, а во северните делови и на планините ќе врне повремен слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 60км/час. Максималната температура ќе се движи од -2 до 7 степени.

Утре облачноста веќе ќе се намалува, но ќе дува умерен северозападен ветер. Следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури.

Зголемување на облачноста се очекува од среда кон крајот на денот, а ноќта кон четврток и во четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.