Македонија го освои првото место во почетната група на Европското првенство во Хрватска и ќе пренесе 3 бодови во наредната фаза на шампионатот.
На дваесетина секунди до крајот на натпреварот Македонија имаше шанса да го преземе водството, но вториот голман на Германија го одбрани ударот на Стојанче Стоилов.
Сепак, ако некој го обвинува, нека се присети што се претрпе денеска нашиот прв пикер, колку само удари по телото му зададоја Германците и безмалку во секој напад беше “жртва” на нивната воглавно неспортска игра.
Во 39-та минута од натпреварот при резултат 16:16 Стојанче кој натпреварот го заврши со 3 погодоци, го постигна и овој неверојатен гол кој ретко се гледа на терените.
ЕХФ веднаш го издвои овој момент од натпреварот и го објави на својата страна на Фејсбук.