Нешто ново и посебно: Крушево го доби “Snow Kitchen & Bar” (ФОТО)

Во самиот центар на Крушево се отвори нов локал што претставува нешто посебно и уникатно во целиот Пелагониски регион.

“Snow Kitchen & Bar” е вистинско место за уживање и пријатни моменти во ладните и снежни зимски денови.

Местото е магнет од првиот поглед. Уредено е во индустриско модерен стил и е вистинска перфекција.

Капацитетот на ресторанскиот дел е 40 седишта, а на барскиот e 30 седишта.

Сопствениците најавуваат забави за време на Новогодишните празници, како и за време на престојната зимска сезона.

“Snow Kitchen & Bar” ќе биде вистинска атракција и за сите прилепчани, битолчани, но и за секој намерник кој сезонава ќе го посети македонскиот зимски убавец.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.