Автомобилот „опел астра“, со кој во неделата бил прегазен десетгодишникот на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров, го управувала жена без возачка дозвола, а по несреќата на нејзиното место седнал сопругот-полицаец, дознава порталот „Нетпрес“.
Според очевидци на несреќата, затоа ниту сообраќајците не го направиле увидот според правилата за да го заштитат колегата – дознаваат од порталот.
Сопружниците наводно го преместиле автомобилот од местото каде што се случила сообраќајката, што е спротивно на Законот за безбедност во сообраќајот, па и полицајците на увид вршеле мерења на погрешно место, што предизвикало револт кај очевидците. Дознаваме дека во меѓувреме биле сменети браниците на возилото – велат од “Нетпрес”.
Целата сторија прочитајте ја ТУКА