Нетанијаху ЖЕСТОКО ГО ОБВИНИ СОРОС дека ги финансира протестите против Израел

Израелскиот премиер Бењамин Нетанијаху го обвини унгарскиот мултимилијардер со еврејско потекло Џорџ Сорос дека организира кампања со протести против израелскиот план за депортација на илјада африкански мигранти.

“Џорџ Сорос финансира протести. Обама депортираше два милиони мигранти, никој ништо не рече”, рекол Бењамин Нетанијаху на седница на владата.

Тој на таков начин одговори на изјавата на министерот Офир Акуниса, кој рекол дека неодамнешните протести ги организирале екстремните левичари со финансиска поддршка од европските земји.

Весникот “Хаарец” потсетува дека унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата година водеше кампања против Сорос обвинувајќи го дека го користи своето богатство, моќ, влијание, и мрежа на невладини организации да насели милиони мигранти во Унгарија и Европската Унија.

Околу 40.000 мигранти, од кои речиси сите од Еритреа и Судан, последните години стигнале во Израел, бегајќи од опасност и барајќи нов живот. Плановите за депортација предизвикале бесни реакции во Израел, па група на пилоти, доктори, писатели, рабини и преживеани жртви од Холокаустот, побарале ваквата акција да се запре, тврдејќи дека депортацијата не е етичка и ќе ја наруши сликата за Израел, пренесува “АП”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.