Ништо од транспарентноста на новите локални власти во Прилеп. Иако во општината е вработен цел тим на “пи-ар” луѓе, веќе трет ден нема ништо објавено за посетата на прилепската делегација во Турција.
Претседателот на Советот на општина Прилеп, Миле Талевски заедно со пратеникот Локвенец и уште неколкумина се изнасликаа и објавија селфи фотографии од нивната посета на Истанбул и општината Бајрампаша, но граѓаните не знаат ништо за тоа која е целта на оваа посета која веројатно се плаќа со нивни пари?
Од фотографиите можеме да видиме дека Талевски, Локевенец, Кокароска и останатите членови на делегацијата оствариле средби со нашинците таму, како и со градоначалникот на општината Бајрампаша, но ништо подетално за тоа што разговарале.
Можеби отидоа да им објаснат зошто турското население кое иако е едно од најлојалните не ќе може своите потреби и услуги да ги добива на мајчиниот јазик исто како Албанците со новиот противуставен закон?!