Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп продолжува со секојдневните активности во интерес на сите граѓани во општина Прилеп.
Во пресрет на Велигденските празници реализираа неколку хуманитарни настани и акции.
Последна таква пред два дена беше хуманитарната донација за социјалното семејство од село Долгаец, каде претставнички од УЖ ОК Прилеп заедно со претседателката Даниела Рангелова донираа храна, средства за хигиена и фрижидер.
Денеска добрината и хуманоста ја покажаа уште еднаш. Донесоа радост во домот на едно социјално семејство во Прилеп, каде донираа празнична Велигденска трпеза.
Од Унијата на жени ОК Прилеп на сите граѓани со православна вероисповест им го честитаат големиот христијански празник Велигден и упатуваат желби за мир, здравје, љубов и надминување на сите проблеми.