Нема вода за гевгеличани: Сугаревски ја блокираше изградбата на водоснабдителниот систем

Нема вода за гевгеличани, откако министерот за транспорт и врски од редовите на СДС ја блокираше изградбата на водоснабдителниот систем, финансиран и одобрен од Светската банка, а ревидиран од овластен ревизор на ЕУ од Романија.

frangov

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, одлучи да ја блокира изградбата на новиот водоснабдителен систем во општина Гевгелија, проект чија инвестициона вредност е 1.712.602 евра поради, како што објаснува „битни пропусти и недостатоци“. Несфатливо е за какви пропусти се работи, кога тендерската документација е подготвена и одобрена од страна на Европската инвестициона банка, доделувачот на грантот, а објавена од страна на Министерството за транспорт и врски.

Оваа негова одлука е донесена само еден ден по посетата на ревизорот од Романија, претставник на ЕУ, при што беше констатирано дека изградбата на новиот водоснабдителен систем се одвива според планот – изјави гевгелискиот градоначалник Франгов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.