Сите беа вчудоневидени кога видоа како изгледа ова бебе. Докторите даваа минимални шанси за тоа да преживее.
Ќе дознаете каква беше нејзината битка, но и како изгледа денес.
Кога Анџела и Мајкл го чекаа своето новороденче, не ни претпоставуваа дека за него ќе зборува цел свет. За жал, причината не беше радосна.
Наоми е родена цели 15 недели пред терминот и имаше скоро 500 грама.
Фотографијата на која таа спие, а нејзините прстиња ја допираат бурмата на мама, е вистински доказ колку мало бебе е. Токму оваа фотографија го обиколи светот.
Цели 142 дена ова мало дете ги живееше на интензивна нега. Се бореше храбро и ги победи прогнозите на докторите. Токму затоа го доби прекарот “чудесно бебе“.
Родителите секој ден го живееја во страв дека нивното дете нема да преживее. Им велеа дека дури и да остане жива, таа ќе има тешки здравствени проблеми, компликации, ќе биде глува и слепа.
Го гледате ли сега ова слатко девојче? Верувале или не, тоа е Наоми. Здрава, жива и голема.
Единствен проблем кој го има е тоа што некогаш мора да носи маска за кислород.