Екс тенисерката, Русинката Ана Курникова не освои ниту еден трофеј во сингл, но затоа во дубл освои два гренд слем турнири. Нејзината најдобра позиција на ВТА листата беше осмо место, а освен поради тенисот, таа вниманието на медиумите го привлекуваше и поради врската со Енрике Иглезиас. Исто така таа беше позната по големите хонорари кои ги добиваше за промоција на разни модни брендови.
Изминатите години нејзината сонародничка Марија Шарапова, го зазеде нејзиното место, па сега таа ги собира најголемите хонорари од модни аранжмани.
Погледнете ги фотографиите и проценете дали Ана може да и парира на Шарапова…
А/Г/