Освен што е од лош квалитет, тие тврделе дека немаат доволно на располагање…
Затвореници во Шведска незадоволни од квалитетот на тоалетната хартија во затворот му се пожалиле на омбудсманот на оваа држава да го реши проблемот.
Како што вели шведската телевизија “СВТ”, во прашање се затвореници од затворот “Салберг”, кој се наоѓа во близина на градот Вастерас.
Освен што е од лош квалитет, тие тврдат дека немаат ниту доволно хартија на располагање. Во жалбата до омбудсманот навеле дека тоалетната хартија е “тврда и неудобна”.
Порано самите и по потреба можеле да си земат тоалетна хартија, додека сега на секој затвореник му следувало по две пакувања неделно.
Затворениците од истиот затвор веќе еднаш се жалеле претходната година кај Народниот правобранител, дека немаат доволно часови по гитара и цртање.
А/Г/