Незадоволен бостанџија од ниските откупни цени на бостанот и немањето простор за пласман и извоз, денеска протестирал пред Министерството за земјоделие, а човек од обезбедувањето на министерството го бркал, велат нашите извори.
Бостанџиите се разочарани од ниските откупни цени на нивниот производ, кој достигна цени и под 4 денари за килограм, цена со која не можат да се покријат ниту 30 % од трошоците.
Бостанџиите, но и сите земјоделци ги минуваат најтешките мигови во изминатите 12 години. Претходно прозводителите на праски го истураа родот по доловите и патиштата, а ништо подобро не поминуваат ниту производителите на домати и краставици.
Дел од тутунарите сеуште се жалат дека не добиле субвенции за минатогодишната реколта, а додека сето тоа се случува зачестија и објавите во медиумите на кои министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, се релаксира во кафани и ресторани.
Во продолжение погледнете ја драмата која се случувала пред министерството:
А/Г/