На џез фестивалот во Прилеп, изложба на кавер фотографии на Фотини Ламп Потамиа

IMG_9774

Синоќа, во фојаето на ЦК „Марко Цепенкoв“ во рамките на Интернационалниот џез фестивал, беше поставена интересна изложба од 20 – тина фотографии и кавер фотографии (за СD опаковки и музички албуми), изработени за музичката продукциска корпорација ЕСМ records, на познатата фотографка и изработувач за фотографија и кавер фотографија, во различна графичка техника, Фотини Ламп Потамиа,  која   е и официјален фотограф на познатата германска продукциска џез куќа од Минхен, ЕСМ (Editions of Contemporary Music) records.

IMG_9775

IMG_9781

„Станува збор за прва изложба од ваков вид во Македонија. Изложебата е за нас од огромно значење, бидјеќи преку неа добиваме можност Џез фестивалот во Прилеп да се промовира секаде во светот. Фотими Потамиа имавме среќа да ја запознаеме минатата година, преку нејзиниот сопруг Дине Донев, кој учествуваше на минатогодишниот фестивал и се договоривме оваа година да ни ги изложи нејзините фото креации, фотографија и кавер фотографија, што ни е особена чест, бидејќи ова е нешто несекојдневно.“- рече организаторот на Интернационалниот џез фестивал, Снежана Ристеска.

IMG_9867

IMG_9791

Изложбата беше пропратена со аудио визуелен перформанс на сликарот Тома Димовски и Донеф Дуо со импровизиран панк џез до совремна класика ,а беше надополнета и со промоцијата на албумот „Русилово“ на Дине Донев  “Неред„ издадена од корпорацијата  ЕСМ records.

IMG_9793

IMG_9877




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.