На јарците кажете им дека плановите им се залудни, лавовите прекинете ги среде реченица: Како да ги изнервирате хороскопските знаци

Ова се точни упатства како можете да го изнервирате секој хороскопски знак

Не е убаво намерно да ги нервирате луѓето околу вас, но понекогаш тоа е она што ви треба.

Овен

За нив навистина не треба многу. Ако сакате навистина да налутите Овен, само кажете му дека не може да добие нешто што сака, или уште полошо дека не е способен да направи нешто. Кавгата е загарантирана!

Бик

Биковите се многу горделиви на работите кои ги поседуваат, а ако сакате да им го покачете притисокот, само отворено критикувајте го она што им е драго.

Близнаци

Со нив тешко ќе се скарате, затоа што најчесто се согласуваат со соговорникот, дури и за нешта околу кои не се согласуваат. Ако сакате да ги изнервирате, отворено кажете му дека има недостаток на карактер.

Рак

Пасивната агресија е најсилната страна на Раковите, но и нивна најголема слабост. Ако им возвратите во иста мерка, ќе побеснат.

Лав

Лавовите обожаваат тишина, затоа најмногу ќе ги изнервирате ако целосно ги игнорирате. Кога Лавот ви зборува нешто, прекинете го и променете ја темата. За брзо ќе експлодира!

Девица

Растурете им ја масата, измешајте им ги книгите на полиците, направете неред во нивното совршено испланирано место. Девицата ќе реагира бурно на тоа.

Вага

Вагите не сакаат кавги, затоа секогаш се обидуваат да најдат брзо и ефикасно решение за секое несогласување. Ако сакате да ги изнервирате, немојте да дозволите кавгата да заврши. За секое решение пронајдете нов проблем. Тоа ќе ги излуди!

Скорпија

Долго држат лутина во себе, затоа кај Шкорпиите е навистина тешко да се знае дали се лути или не. Еден од начините на кои е лесно да ги изнервирате е едноставно да ја поделите со некого нивната тајна.

Стрелец

Ако сакате да изнервирате некој Стрелец, доволно е да го лажете. Довербата за стрелците е една од најважните работи.

Јарец

Рационалните и амбициозните припадници на овој знак ќе ги полудите ако им објаснете дека нивните идеи се навистина глупави, а плановите тешко остварливи.

Водолија

Зборувањето за чувства за Водолијата е неприфатливо, а ако сакате да ги изнервирате, одете по нив и правете го баш тоа.

Риби

Рибите се склони кон претерување, а една од најлошите работи кои можете да им ги кажете е дека претеруваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.