Неа често ја помешуваат со некоја од своите три ќерки.
Натали Вордел (45) од Австралија често ја помешуваат со своите ќерки – затоа што изгледа неверојатно младолико.
На својот Инстаграм профил објавува фотографии со своите ќерки и редовно ги остава своите следбеници вчудоневидени.
“Луѓето мислат дека сме сестри. Секако дека тоа ми годи, но има и негативни коментари, како оние дека ќерките ме копираат. Но, јас за тоа сметам дека “виновни” се гените”, вели Натали.
Нејзините ќерки Јасмин (21), Тамика (19) и Медисон (17) се горди на неа.
Натали вели дека својот изглед се должи на редовното вежбање и здравата исхрана.
А/Г/