Кога полицијата влегла во просториите, имала што да види!
Прво забележале комшиите. Им било многу чудно што само еден дел од кровот не е под снег. Кога полицијата открила плантажа со марихуана, сите биле шокирани.
Иако конзумирањето на марихуана во оваа земја е легализирано, одгледувањето подлежи на строги правила и закони.
Едно лице не смее да одгледува повеќе од 5 стебла. Во овој случај полицијата пронашла цел хангар кој бил засаден со оваа опојна билка.
Тоа било и причината поради која овој дел од кровот не бил под снег.
За одгледување на канабис, температурата мора да биде прилично висока. Всушност, идеалната е околу 30 степени целзиусови. Просторот бил толку топол, па снегот се топел на кровот.
Полицијата после откривањето на хангарот и апсењето на престапниците, ги замолила граѓаните да го пријават секој ваков кров.