На денешен ден 23 август пред 25 години се одигра првиот меч од Македонската Прва фудбалска лига, и како таков е од историско значење за фудбалот во самостојна Македонија.
Во Прилеп на градскиот стадион “Гоце Делчев” Победа го пречека Вардар, а натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1.
На преоплниот стадион пред 10.000 публика стрелци на головите тогаш беа: Тони Наумоски во 31-та минута за 1:0 за Победа и Сашо Тодоровски во 35-та за 1:1.
Вистинска историска слика и вистинско потсетување за сите љубители на фудбалот, кои пред 25 години живееле за овие натпревари.
Погледнете:
А/Г/