“На “Карпалак” и кај “Ченто” ги нема, ама кај Талат се први”

20624131_10211973728690035_1238141025_n

Пред неколку дена во Прилеп се одбележаа 60 години од смртта на првиот Претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов – Ченто. Граѓаните и делегации од локалната самоуправа, како и пратставници од политичките партии и здруженијата на борци, и оваа година се поклонија пред ликот и делото на најголемиот меѓу Македонците, пред делото на човекот кој за идејата за самостојна Македонија, платил со живот во бившиот комунистички режим.

IMGM9416

IMGM9420

IMGM9427

Како по обичај претставници од СДСМ не беа присутни пред споменикот на Ченто во центарот на Прилеп.

На 1 Август во Прилеп за прв пат помина и Илинденската коњаница “Патот на црешовото топче”. Како за Ченто така и пред “Kaрпалак”, претставници на владеачката партија  не беа присутни. Додека стотици граѓани со овации и аплаузи ги пречекаа коњаниците и ги придружуваа до излезот на градот, СДСМ се занимаваше со потпишување на договорот за “добрососедство” со Бугарија и беа опседнати со пречекот на бугарскиот премиер Борисов.

dav

dav

Граѓаните епилогот го видоа вчера на Илинден, кога прилепските пратеници Кети Смилеска и Хари Локвенец, беа лева и десна рака на Талат Џафери и заедно со него се поклонија пред гробот на Никола Карев во Крушево.

На другата страна на државата во главниот град, Зоран Заев со Борисов заедно се поклонија пред гробот на Гоце Делчев, а во меѓувреме  бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов на плоштадот “Mакедонија” го прогласи Илинденското востание за бугарско и голем ден за Бугарија.

20631478_10211973728090020_1033653258_n

Некој вчера се обиде да го  убие Илинденскиот дух и да си поигра со емоциите на граѓаните. Некој вчера се обиде да го убие традиционалниот начин на празнување на Илинден, кога илјадници и илјадници граѓани присуствуваа на празнувањето во Крушево. Присутноста на само 50-тина луѓе говори едно, а тоа е: “Народот му го сврти грбот на СДСМ и се побуни на нивната замисла за добрососедство и соживот”.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.