Во 06 часот и 15 минути во Скопје, во казино на улица „Ангел Динев“, 33-годишниот Т.Б. од Скопје влегол во просторијата каде што била вработената Д.М. и се заканил и од касата одзел околу 50.000 денари, од кои 30.000 фрлил кон неа, а 20.000 денари задржал за себе.
Вработената Д.М. успеала да излезе од просторијата, а лицето останало и вратата сама се заклучила.
Т.Б. е приведен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.