Нејзините познати родители, фудбалерот Патрик Блонд и глумицата Вероника Лоуби, започнале да ја внесуваат во светот на познатите уште од мали години
Францускиот модел Тајлин Блонд (16) била прогласена за “најубаво девојче на светот”, а ја следеле контроверзии уште од 10 годишна возраст. Сега, таа е порасната и се појави на настанот “Недела на модата” во Њјујорк, каде добила комплименти и најдобри критики од познати луѓе од јавниот живот.
Таа на ревијата на Мајкл Корс седела во првиот ред и носела комбинација од тигресто сако и зелени пантолони. Покрај тоа носела и зелена ташна од крокодилска кожа, која била искомбинирана со чевли. Цената на ваквиот изглед на моделот изнесувала 10.640 долари, што за многумина изгледало премногу за една ваква млада ѕвезда.
Инаку веднаш до неа седеле ѕвезди како Никол Кидман и Кетрин Зета Џонс.
Тајлин започнала да се занимава со манекенство уште од 4-годишна возраст, а за “Вог Париз” се фотографирала кога имала 10 години.
Овие фотографии предизвикале низа контроверзии, бидејќи девојчето било осудено дека премногу е мала за вакви сексипилни фотографии.
Како и да е, оваа девојка која денес започнува да го освојува светот, изгледа прекрасно на само 16 години и поседува божествена убавина.
https://www.instagram.com/p/BWfFFBnAmUZ/?taken-by=thylaneblondeau
А/Г/