Комуналано се уредуваат краците на улиците во една од најстарите прилепски населби, Варош. Моментно, во должина од 550/600 м. се асфалтираат краците на ул.„Иљо Полутешка“, со буџетски средства. Жителите велат дека асфалтирани улици добиваат после 70 години и се среќни поради тоа што ваков зафат се реализира во нивната населба.
– Се реализира комуналната програма предвидена за оваа тековна, 2017 година, во која е опфатена и една од најстарите прилепски населби, Варош. Моментно овие краци на ул.„Иљо Полутешка“ се асфалтираат, а предходно беше заменета канализационата и водоводната мрежа, улицата се тампонираше, и, еве сега, се асфалтира. Останува во оваа најстара населба во Прилеп, уште сосема мал дел за асфалтирање, во долниот дел на Варош, каде сеуште се работи на промена на канализациониот систем“ – вели градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој беше во увид на тековните комунални активности.
Во комуналната програма на локалната самоуправа за 2017 година се опфатени и градот и населените места. Активностите за комунално уредување ќе продолжат и во наредниот период, со динамика која ќе зависи од временските услови и буџетот на Општина Прилеп, за оваа намена, најавија од локалната власт.