Дваесет и четиригодишно момче почина откако во него попладнево беше пукано од возило во движење на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, дознава Курир.
Полицијата потврди дека инцидентот се случил околу 17:40 часот.
Момчето е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Директорот на ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани за МИА изјави дека е извршена 45-минутна реанимација, но безуспешно.
На местото на настанот увид вршеа полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.