Tмурното време е вистинско за топли тонови во косата, за да се разбие монотоното сивило.
Годината измина, а во неа видовме стотици трендови, од кои некои привлечни, а некои не толку. Кога помисливме дека е готово, ете уште еден!
“Spiced Cider” е најновиот зимски тренд со кој многу девојки ќе прошетаат на Новогодишната ноќ. Овој тренд ќе станува се повеќе популарен идната година.
Во прашање е преубав микс од сина боја и боја на цимет и бакар, кои заедно изгледаат феноменално и привлечно.
Овој тренд е дело на фризерот Рајан Виден од Калифорнија, а до него дошол на тој начин што прво косата ја фарбал со топли тонови, па потоа додавал земјени и пепелни нијанси. Крајниот резултат нас целосно не воодушеви.
А/Г/