Малкумина знаеле дека во државата Охајо во САД постои град кој се вика Македонија. Водителот Жарко Димитриоски во емисијата “Еден на Еден” водеше разговор со градоначалникот на градот Македонија, кој името го добил по нашата земја.
Градот Македонија има околу 12.000 жители и се наоѓа помеѓу големите градови Акрон и Кливленд.
Во интервју разговорот со градоначалникот Џозеф Миљорни ќе дознаете како точно овој град го добил името Македонија, дали има сличности со нашата Македонија и што точно го поврзува Леброн Џејмс или најголемата НБА ѕвезда со овој град.
За сите кои не ја погледнавте најновата епизода од “Еден на Еден”, во продолжение интервјуто на Жарко Димитриоски со градоначалникот на Македонија.