Иако на светот му е позната како највлакнестата тинејџерка и за себе вели дека не се чувствува поразлично од останатите, одлучила да го промени својот изглед и да се ослободи од влакната кои и го упропастуваат животот.
Суматра Сусуфан влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2010 година порадни нејзиниот Амбрас синдром кој е познат како “синдром врколак”.
Овој синдром се манифестира со растење на влакна на целото тело, па дури и на лицето.
Ваквата состојба е толку ретка што на светот ја имаат само 50 луѓе. И покрај ласерските терапии, влакната продолжиле да и растат како и претходно.
Нејзините фотографии ја шокираа јавноста. Суматра решила да ги избричи влакната од телото и на сите да им покаже како навистина изгледа. Нејзиниот татко открил дека нејзината состојба не се поправила откако решила да се избричи.
“Jaс не се чувствувам поразлично од останатите и имам доста пријатели во школото. Тоа што сум влакнеста ме прави посебна”, изјавила таа.
Нејзиниот Фејсбук профил покажува дека откако влегла во Гинисовата книга на рекорди, се омажила и има маж кој ја обожава. Во еден од постовите таа напишала дека е благодарна на нејзиниот маж и кажала дека тој не е само нејзин прв љубовник, туку и љубов на нејзиниот живот.