Најава за вечерашното големо финале на петнаесеттото јубилејно издание на “Пиво Фест” во Прилеп (ВИДЕО)

DSC_0380

Пивофестивалското јубилејно 15-то издание во Прилеп се ближи кон својот крај. Изминатите дена донесоа незаборавно дружење и забава. Фестивалот на скарата и пивото во Прилеп и понатаму останува најмасовното случување во државата. Присутни се гости од сите страни на државата, регионот и странство, организацијата е перфектна, а атмосферата громогласна.

DSC_0386

Вечерва следува големото финале на фестивалската сцена, каде вечерта ќе започне со “Тајфата” и Димитар Андоновски, следуваат Џамбо и оркестар “Агушеви”, а градот ќе згрми кога на сцената ќе застане гостинката од Хрватска, мега ѕвездата Северина.

DSC_0383

На официјалниот прес денеска водителката на фестивалот Марјана, градоначалникот Марјан Ристески и Талија Петреска од организаторите “Центарот за граѓански иницијативи” го најавија мега спектаклот кој следува вечерва со почеток од 21:00 часот.

DSC_0382

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.