Научете неколку зборови од јазикот кој го зборуваат уште само тројца луѓе

Во запуштената долина, меѓу планините на северен Пакистан, некогаш живееле многу луѓе кои го говореле јазикот “бадеши”. Денес овој јазик полека изумира.

Но, иако се сметаше дека тој јазик не го говорат веќе три генерации, тоа не е точно. Новинарите на Би-Би-Си во долината Бишиграм пронашле тројца луѓе, кои и понатаму комуницираат на овој јазик.

“Претходната генерација во ова село зборуваше на бадеши јазикот. Но, тогаш доведовме жени од другото село кои говорат “торвали” јазик. Нивните деца продолжија да го зборуваат јазикот на нивните мајки и така “бадеши” започна да изумира”, објаснува за Би-Би-Си, Рахим Гул, еден од тројцата луѓе кои и понатаму го зборуваат овој јазик.

Тој вели дека не знае точно колку години има, но сигурен е дека се повеќе од 70.

-Meen naao Rahim Gul thi – Моето име е РахиМ Гул
– Theen haal khale thi? – Како сте ?
– May grot khekti – Јаден сум
– Ishu kaale heem kam ikthi – Оваа година нема многу снег




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.