Натпреварот Шкупи-Пелистер не се одигра: Фудбалерите на битолскиот тим завршија во болница (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Натпреварот помеѓу Шкупи и Пелистер не започна денес, а причина за тоа е труење со храна на играчите на битолскиот тим.

Фудбалерите на Пелистер тргнале накај Скопје но не стигнале, бидејќи се хоспитализирани во велешката болница поради труење со храна.

Нивната состојба е добра, дадена им е инфузија, но не се во состојба да го играат денешниот меч со Шкупи.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.