Наташа Стојковска од прилепскиот гигант Витаминка избрана во најуспешните жени менаџерки во Македонија

Агенцијата Марили по 22ри пат ги избра 10те најуспешни жени менаџерки на Македонија. Единствена од кондиторската индустрија, во ова импозантно друштво на успешни, професионални и храбри жени е Наташа Стојковска, Директор на набавка и логистика во Витаминка.

Агенцијата Марили како единствена што го елаборира бизнисот од менаџерски аспект, веќе десет години успешно го организира овој избор.

При изборот на најуспешните жени менаџерки се разгледуваат повеќе аспекти во работењето, позицијата, статусот, професионалниот успех, резултатите во работењето и придонесот за статусот на компанијата.

Покрај основните менаџерски карактеристики, од телото надлежно за изборот се оценуваше колку добро се прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени.

Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспешни менаџерки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.