Наставнички од ООУ “Гоце Делчев” oрганизираа “eTwinning” работилница за вработените во училиштето

На ден 25.09.2017 година, со почеток во 12 часот се одржа двочасовна сертифицирана “eTwinning” работилница од страна на “eTwinning” Амбасадорите од нашата земја, Александра Андоноска и Спасија Нешкоска Цуцулеска, наставници во ООУ „Гоце Делчев“, Прилеп, a истата беше поддржана од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност и НСС.

На работилницата зедоа активно учество вработените од ООУ „Гоце Делчев“, Прилеп.
Истата се состоеше од два дела и беше конципирана, така што во првиот дел се презентираа општи информации за “eTwinning” платформата, порталот и “eTwinning Live”, преку кои што наставниците комуницираат и соработуваат со колеги од Европа и професионално се развиваат преку различни онлајн настани и средби и “Twinspace”, каде што наставниците и учениците заедно со партнери од различни училишта од Европа работат на виртуелни проекти во безбедна и контролирана онлајн средина.

Додека во вториот дел партиципиентите практично ги применија совладаните знаења на работилницата, најавувајќи се на “eTwinning”, креирајќи профил или преку едноставна навигација низ платформата.

“eTwinning” е онлајн заедница за наставниците од Европа. Тука, тие бесплатно комуницираат и колаборираат, професионално се развиваат, создаваат виртуелни проекти поврзани со наставните програми, со што и наставниците и учениците ги зајакнуваат дигиталните компетенции, јазичните компетенции како и останати клучни компетенции идентификувани од ЕУ.

Во иднина се планираат повеќе сертифицирани работилници од ваков карактер во кои ќе се вклучат останатите училишта од општината и регионот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.