Продолжува асфалтирањето на улиците во населбата “Чачорица” во Прилеп. Денеска во оваа населба е извршено асфалтирање на улицата “Петко Велкоски” во должина од 150 метри, како и краци на улицата “Цане Кузманоски” во должина од 300 метри .
Со тоа населбата целосно го промени ликот и заличи на урбано и средено место за живеење.
Претхоно во оваа населба се асфалтираа три од краците на булеварот “Aлександар Македонски”, како и улиците “Јонче Крстечанец” во должина од 200 метри и “Ѓоре Велкоски-Стрелката” во должина од 300 метри.
Повеќе за тоа погледнете на следниот линк:
НАСЕЛБАТА ЧАЧОРИЦА ВО НОВО РУВО: Се асфалтира на повеќе локации (ФОТО)