Народот се обединува! Дали Владиката АГАТАНГЕЛ ќе го поведи на 27ми ? Повик за најмасовен протест

Ајде да се обединиме, ајде да ги заборавиме разликите помеѓу нас, да ги оставиме настрана суетите и амбициите и сите заедно на 27-ми да излеземе и јасно да кажеме дека оваа држава е наша, дека нашето име е свето, и дека никогаш нема овој народ да се откаже од сопствениот идентитет – повика Миленко Неделковски во својата најнова епизода на „Миленко Неделковски Шоу“.

Неделковски повика да се заборават разликите и нетрпеливоста кон одредени поединци, групи и здруженија, да се стават настрана политичките несогласувања и сите заедно, во еден глас, сплотени да кажеме „Не“ на обезличувањето на Македонија.

Миленко Неделковски го повика и владиката Агатангел да биде тој кој ќе го поведе народот, ќе застане на чело како единствен легитимен претставник на Македонскиот народ достоен да биде негов лидер.

Погледнете ја емисијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.