Народот продолжува да се противи на распродавањето на државата: Граѓаните порачаа “предавниците ќе одговараат!”

18424562_10211193590507068_30114812_n

Повеќе од седумдесет дена прилепчани маршираат по патот на државноста, бранејќи ја унитарноста и посебноста на државата.

 

Вечерашниот марш “За заедничка Македонија” во Прилеп започна со едноминутен молк за загинатите припадници на безбедносните сили во настаните во Дива населба пред две години во Куманово.

 

18361762_10211193591347089_156323603_n

Македонското Собрание доби нелегитимен претседател, што значи дека законите кои ќе бидат донесени од законодавниот дом ќе бидат нелегитимни.

“До кога ќе се гази по Уставот и законите? До кога ќе се гази врз вољата на македонскот народ?  Бараме предвремени парламентарни избори на кои ние ќе одлучиме дали да се прифати “Тиранската платформа”. Избори мора да има. Избори веднаш !” , порачаа граѓаните на вечерашниот протест.

18361780_10211193595187185_1430299975_n

18386707_10211193594267162_1934729958_n

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.