За подобрување на хемоглобинот и железото во организмот, како и за подобрување на целокупната крвна слика, ќе ви бидат потребни само неколку состојки за да припремите природно средство. Ништо компликувано и не постојат контраиндикации. Сосема е природно, здраво и без несакани дејства.
Потребно ви е:
-2лимони, 200мл. сок од моркови, 200мл. сок од цвекло, 200гр. исчистени ореви, 200мл. мед и 200гр. суво грозје.
Двата лимони добро измијте ги и пресечете ги на половина. Секако, најдобро е да се решите од семките на почетокот. Лимонот сомелете го во машина за мелење месо и во таа сомелена смеса додадете го медот, сокот од моркови и цвекло, како и сувото грозје. Сето тоа добро промешајте го и на крајот додајте ги ситно исецканите ореви, а потоа уште еднаш промешајте. Се чува во стерилизирана тегла во фрижидер, а препорачливата доза е една супена лажица и тоа три пати на ден. Најдобро е да се зема пред секој оброк.
Сок за подобрување на хемоглобинот:
Потребен ви е соковник и следните намирници:
4-5 парчиња цвекло, 4-5 моркови, 500гр. мед, 5 лимони, 1,5л. вода
Цвеклото и морковите заедно со лимоните сомелете ги во соковникот, а потоа додадете го медот и водата. Добро промешајте и оставете ја смесата кратко во фрижидер. Препорачливо е да пиете по два децилитри наутро, се додека крвната слика не се подобри.