Распоредувањето на ротациона основа на американското наоружување во близина на Корејскиот полуостров треба да започне на крајот од 2017 година, пренесува агенцијата “Јонхап”, повикувајќи се на изјава на началникот на Управата за национална безбедност при претседателот на Јужна Кореја, Чунг Ји Јунг.
“САД се обврзаа дека ќе го прошират ротационото распоредување на стратешкото наоружување во близина на Корејскиот полуостров. Тоа ќе започне на крајот од оваа година и ќе ни помогне да ги зголемиме одбрамбените можности”, ги пренесува агенцијата зборовите на претседателот.
Агенцијата не наведува за кои типови на вооружување станува збор, но, спрема податоците на “Јонхап”, договорот за одбрана меѓу САД и Јужна Кореја ги вклучува сите средства на засилено вооружување, вклучувајќи и нуклеарен арсенал.
Ф.Г.