“Наместо 12, ќе плаќате сума како за 10 сметки до сега за вода, по реализирање на ветеното од Градоначалникот?!”

Во понеделник има седница на Совет. Доолгочекуваното поевтинување би требало да стане од победничко ветување-вистина!

Минимум 100 денари помала сметка за вода не е за потценување во секое домаќонство, ако се знае фактот дека веќе се зголеми акцизата за нафтата 3,5 денари, а за неколку месеци цената на дизелот се зголеми за повеќе од 16 денари. Тоа придонесува и многу други артикли да имаат нова повисока цена!

Цената на водата во овој момент ви е позната, но сепак добредојдено би било поевтинувањето во секоја фамилија ако се знае дека секое семејство просечно троши од 15-20 кубици вода и за таа вода плаќаат од 510 до 680 денари…

Ако на таа сума намалиме 20% , веќе зборуваме за навистина сериозен износ. Воедно и давачката за канализација и одводнување треба да се намали од сегашните 3 денари по кубик, на 2.4 денари.

Граѓаните очекуваат да се реализира ветеното од билбордите на градоначалникот Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.