“Наместо парк-Камионите со бостан пак во центар?! Ама сега ќе плаќаат по 10.000 денари закупнина?!”

Бостанџиите од Канатларци, раноградинарците од Баница и тие од прилепските села повторно ќе ги гледате во урбанизираниот сега простор кај новата катна гаража?

Во центарот на градот, надвор од сите стандарди, ќе никне паркинг-пазар наместо нова зелена површина или детско игралиште, ама сега камионџиите земјоделци ќе треба да плаќаат месечен надоместок од 10.000 денари, како последица на новиот живот.

Еве ја одлуката со која Советот директно удира по џебот на земјоделците и пензионерите кои се занимаваат со оваа дејност.

Во продолжение и видеото со ветувањата на градоначалникот кои денес се раскажуваат како анегдоти, бидејќи Прилеп полека, полека, од економски и културен центар, станува град на сивилото?!

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.