Над 800 земјотреси за две недели во охридско: Тлото повторно се тресе

Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 13:33 часот во Охридското епицентрално подрачје.

zemjotres-3

Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката оперваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Од 18 јуни до денеска во Охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби со Рихтерова магнитуда од 1 и 2 степени. Најсилниот се случи на 20 јуни во 15:10 часот и беше со магнитуда од 3,6 степени според Рихтер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.