Во падот на рускиот авион животот го загубија 71 лице, но експертите сметаат дека пилотот пред паѓањето направил хуман потег. Тој го свртел авионот од курсот, па се срушил подалеку од населеното место.
Сеуште се утврдува причината за паѓањето, но според првите податоци леталото најверојатно имало експлозија во моторот.
Според зборовите на сведоците, експлозија се слушнала во воздух.
Црната кутија би требало да помогне во откривање на причината.