НОВ ПОЖАР ВО ПРИЛЕПСКО! ЗАГРОЗЕН МАНАСТИРОТ ТРЕСКАВЕЦ?! (ФОТО+ВИДЕО)

BeFunky Collage

Пожарите кои беснеат низ целата држава го сардисаа и Прилеп. Гори на неколку локации, а најнов е пожарот над прилепското село Мажучиште, кој според жителите на ова село се движи кон древниот манастир Трескавец.

Пожарот зад себе остава пустош. Фотографијата е доказ за тоа!

20751208_10211608413020316_201172294_n

Населението на околните населени места е вознемирено и бара помош. Ова е четврт пожар кој во изминатите денови се појави во Прилеп, а гори и во атарот на селата Дрен и Смолани, каде во текот на вчерашниот ден пожарот е ставен под контрола, но сеуште е активен во опожарениот дел. Екипите се сеуште на терен.

20632687_10211989969696050_1536579850_n

Пожарот кај Царевиќ во близина на Дрен и Смолани

Пожарот во с.Никодин – прилепско е сеуште активен и проширен. Истиот се движи на велешка  страна. Во гасење на пожарот во текот на вчерашниот ден се вклучени  и авионите на ДЗС.

Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови пријавен е и пожар кај манастирот Писокал – Свети Илија – во близина на селото Кален – прилепско Мариово. Запалени се дрва од гром. На терен дејствувала екипа на ТППЕ Прилеп.

Жителите на овие населени места и Прилеп се прашуваат “Дали овие пожари се и намерно оттргнување на вниманието на јавноста од актуелните политички случувања?”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.