НОВ ПОДВИГ НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ: Ја освоија Oлимп во Грција и го развиорија македонското знаме (ФОТО)

Најавената клупска акција за искачување на врвовите Скала (2866м.), Сколио (2912м.) и Митикас (2917м) на планината Олипм во Грција се реализира овој викенд од страна на новиот планинарски клуб “Мамути” од Прилеп за чии успеси слушаме често. Иако клубот е нов зад себе имаат реализирано поголем број на успешни планински акции во кои најголем дел се млада популација, а неодамна претседателите на клубот Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски го искачија и Мон Блан.

Групата тргна во саботата во 7 часот утрото од Приони од околу 1200 м.н.в., и имаа речиси 1800 м.н.в. за искачување, додека неделата беше ден за плажа и релаксација.

Екипата содржеше 17 планинари, сите го искачија Митикас и беа презадоволни – прво од самите себе што успешно се соочија со сите предизвици кои ги нуди Олимп, а потоа беа презадоволни од глетката која ја имаа на располагање.

“Позитивната енергија и насмевките беа тргнати од нашите лица при враќањето за Прилеп, поради огнената стихија која владееше во Лознани”, вели Маријана Ѓорѓиевска.

“Апелирам, да се чува приридата, планините и целокупниот растителен и животински свет во неа бидејќи на таков начин се чуваме и себе си. Да се поткрене свеста и совеста кај луѓето да ја чуваме планината, да не и наштетуваме свесно бидејќи таа на милијарда начини ни возвраќа со добро”, додава Маријана.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.