Детали за момчето од Делчево кое утрово беше пронајдено мртво

policija-2-630x396

Синоќа во атарот на селото Чифлик, Делчевско е пронајден обесен на дрво 31-годишниот Даниел Георгиевски од Делчево по кого три дена трагаа полицијата и роднините.

Според информацијата на СВР ШТИП, синоќа околу 20 часот телото на Георгиевски е пронајдено на три километри од селото, во блиската шума по што надлежни истражни органи извршиле увид, а дежурниот лекар констатирал дека смртта настапила со бесење и оти врз телото немало траги на насилство.

Даниел Ѓеоргиевски живеел сам со неговите двајца браќа, а беше пријавен за исчезнат на 17 август.

daniel-isceznato-lice




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.