Филмот “Ден после утре” од 2004 година во своето сценаријо предвиде ледено доба благодарејќи на сателитски снимки кои по многу работи се слични со оние на ураганот Ирма и Катиа.
Ураганот Ирма, Хозе и Катиа се движат околу американскиот брег и се едни од најголемите природни катастрофи во 21 век. Ирма веќе ги опустоши Антигва и Барбудам Свети Мартин, Порторико, Девствените острови и Куба, а од последиците на ураганот досега 42 лица го загубија животот.
Западниот брег на Флорида е под тежок удар, а иако Ирма е ослабена и понатаму прави големи штети и проблеми на населението. Додека поголемиот дел од светот го следи движењето на ураганот Ирма, во нејзина сенка е ураганот Хозе, кој се движи речиси по истиот пат по кој се движеше Ирма.
На интернет се појави интересна споредба на сателитски снимки од моменталната ситуација и онаа од филмот “Ден после утре” (The day after tomorow).
На сателитската снимка од филмот прикажано е подрачјето на интензивно делување на струите кои предизвикаа ледено доба и кои речиси целосно потсетуваат на движењето на денешните урагани. Сето тоа предизвика голем страв во јавноста.
А/Г/