Стилскиот потпис на “првата ќерка на Америка” се карактеризира со елегантни парчиња со класичен крој, кои на софистициран начин ја надополнуваат нејзината неодолива фигура.
Откако Доналд Трамп ја презеде функцијата претседател на Америка, очите на јавноста се насочени кон неговата убава ќерка Иванка Трамп. Оваа 35-годишна советничка на претседателот и успешен претприемач, модните игри ги има во малиот прст и нив неретко им се воодушевуваат сите модни критичари.
Цветниот фустан со потписот на колумбиската дизајнерка Џоане Ортиз е прв на листата. Иванка фустанот го носеше на неодамнешната средба со јапонскиот премиер, Шинзо Абе, а креацијата одговара и на јапонската култура.
https://www.instagram.com/p/BbD0mTChI_w/
Ден пред нејзиниот татко да ја преземе функцијата претседател на Америка, папараците ја уловија Иванка како оди под рака со нејзиниот сопруг Џеред Кушнер и нивите три деца Арабел, Џозефон и Теодор. Иванка го носи смарагдно зелениот “Оскар де ла Рента” фустан и капут со асиметричен крој во иста нијанса.
https://www.instagram.com/p/BbHuL02Bgqo/
Иако немаме прилика така често да ја гледаме во опуштени изданија, аутфитот во кој Иванка се фотографирала на пат за Токио, секако заслужува свое место на листата. Иванка тогаш одржала инспиративен говор на престижниот собир “World Assembly for Women”, а на аеродромот стигнала во едноставна црна сукња и шик сив полувер украсен со бисери, кој го има потписот на Зара.
https://www.instagram.com/p/Ba97EOSBjcz/
Ќерката на Трамп ја засени неговата сопруга во Њујорк, кога папараците ја фотографираа во тренди сиво одело, кое на убавата русокоса одлично одговараше со црниот колан . На себе носела и елегантна сина блуза која совршено одговарала на нејзините светло сини чевли со ниски потпетици.
https://www.instagram.com/p/BZRwgFPh5P3/
За крај на списокот е шармантната црно-бела комбинација составена од чипкаста сукња позади колената, црни Прада чевли со ниски потпетици и интересна блуза. Иванка донела добра одлука и со оваа комбинација инспирирана од генијалната Коко Шанел.
https://www.instagram.com/p/BaZzq0YhKuv/
А/Г/