Oткако утрово беше позната главната ѕвезда на 15-тото по ред издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп “Пиво Фест 2017”, oрганизаторите објавија уште едно мега популарно име кое ќе настапи на сцената во Прилеп.
Покрај Северина, Амадеус Бенд, Ален Исламовиќ, Нокаут, Еye Cue, Џамво и оркестар Агушеви, Психомодо Поп, Дон Минот, третата фестивалска вечер во Прилеп ќе ја зачини и Харис Џиновиќ, што е дополнителна мотивација да го посетите градот под Марковите Кули и да уживате во ладното пиво и вкусната скара.
“Пиво Фест” започнува на 13 јули и ќе трае до 16 јули.
Прилеп ве очекува!
Во продолжение уживајте во некои од најдобрите нумери на Харис Џиновиќ.
А.Г.