НЕВЕРОЈАТНО: На квиз изгуби 100.000 евра, а точниот одговор го имаше на својата маица (ВИДЕО)

Точниот одговор на прашањето можеше да му донесе мало богатство, се му беше пред очите цело време. Снимката од тој дел на шпанскиот квиз стана хит на социјалните мрежи.

Момчето Алберто од Шпанија засекогаш ќе го памети одговорот на прашањето „Кој е Стивен Роџерс во филмот „The Avengers“?“, кое му беше поставено во квиоз „Ahora Caigo“. Точниот одговор можеше да му донесе 100.000 евра.

Меѓу трите понудени одговори беа- доктор, господин и капетан. Момчето не го знаеше одговорот, иако му го пишуваше на маицата и кој знае колку пати гледал во него.

На маицата пишуваше „Стив Роџерс е капетан на Америка“.

Погледнете како изгледаше тоа:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.